(ВИДЕО) Заев: Не е во ред некој да оди во затвор за половина грам канабис

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев, декриминализацијата на канабис за лична употреба ја наведе како еден од чекорите кои ќе ја приближат Македонија до европските вредности.

„Точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор, не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога секаде во светот оваа билка станува легална“, рече премиерот Заев, на тематската прес конференција наречена „Акција 21“.

Тој најави дека за севкупната легализација на канабисот следува дебата до крајот на јуни 2021 година.

Scroll to Top