(Видео) Кузеска: По демантот од Чешка и Словачка, Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните

пред 3 години

Амбасадорите на Чешка и Словачка јавно ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски и Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ одработила Чешка и Словачка, како членки на ЕУ, да се спротивстават на блокадата на Бугарија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа кажа дека пред само неколку дена и Данска ги дименатирала лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ дека го поддржала ветото на Бугарија.

„Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски како извор на лажни вести. На почеток на светската пандемија со вирусот, Организацијата на Обединетите нации во земјава го демантираше Николовски и лажната изјава за проценка на преземените мерки. Ова безобразно лажење на ВМРО ДПМНЕ, олицетворени преку Христијан Мицкоски и Александар Николовски, е вистинското лице на оваа фејк њуз партија. Неодговорноста на Александар Николовски ја девалвира и фунцијата пратеник во очите на нашите меѓународни партнери и поддржувачи“, рече Кузеска.

Според неа, најмалку што можат Мицкоски и Николовски е јавно да се извинат за изнесените лаги.

Дополнително,  додаде Кузеска, Николовски треба да си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.

„Недозволиво е вакво неодговорно однесување, пратеник да ги лаже своите граѓани. Граѓаните не заслужуваат лаги. Човек што свесно шири лаги, што го руши меѓународниот углед на државата, не може да се смета за нивни претставник“, рече портпаролката на СДСМ.

Scroll to Top