СДСМ: Чешка и Словачка ги демантираа срамните лаги на Мицкоски и Николовски

пред 3 години

Чешка и Словачка ги демантираа срамните лаги на Мицкоски и Николовски, ВМРО-ДПМНЕ е докажан извор на лажни вести, велат од СДСМ.

„Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е комплетна фејк њуз партија и не случајно меѓународно е препознаена како главен извор на лажни вести и дезинформации, што е посочено и во студија на ЕУ. Вчера, амбасадорите на Чешка и Словачка, со јасни изјави ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски. И инситуционално се потврди дека чиста и бесрамна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека јавноста повторно посведочила на, како што велат, уште една шлаканица за докажаните лажговци Мицкоски и Николовски, на уште една потврда за ВМРО фејк њуз ДПМНЕ дека е извор на лажни вести.

„Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија, Николовски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувало реакција од Чешка и Словачка. Сите овие лаги се демантирани, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште не ја учат лекцијата. Затоа остануваат уште долго во опозиција“, велат од СДСМ.

Scroll to Top