СДСМ: Уште една шлаканица за фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ, Чешка и Словачка ги демантираа срамните лаги на Мицкоски и Николовски

пред 3 години

„Нема ден, а некоја лага на фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ да не биде демантирана од странски амбасади, од релевантни меѓународни организации.

Амбасадорите на Чешка и Словачка денеска, со јасни изјави ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски.

Чиста и бесрамна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија“, велат СДСМ.

„Уште една шлаканица за потврдените лажговци Мицкоски и Николовски, уште една потврда за ВМРО фејк њуз ДПМНЕ дека е извор на лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ е комплетна фек-њуз партија и не случајно меѓународно е препознаена како главен извор на лажни вести и дезинформации, што е посочено и во студија на ЕУ.

Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија, Николовски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувало реакција од Чешка и Словачка.

Лага до лага, срам до срам на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски“, соопштува СДСМ.

Scroll to Top