(ВИДЕО) Лефков: Додека фирми чекаат со месеци за наплата, Кочо Анѓушев наплати 3.62 милиони евра за модуларни болници

пред 3 години

Додека бизнисите на граѓаните трпат и чекаат со месеци наплата, додека нема поврат на ДДВ, велешката „Брако“ на Кочо Анѓушев експресно наплатила 3.62 милиони евра, изјави денеска Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено вкупната вредност на договорот за изградбата на модуларните болници која го добила фирмата на Анѓушев е 4.5 милиони евра, а Анѓушев до сега се наплатил со префрлање на пари од посебна сметка на Министерството за труд и социјална политика во износ од 3.62 милиони евра.Се уште не се завршени сите модуларни болници, односно активности се во тек на болниците во Ресен и Тетово, но Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра“, изјави Лефков.

Владата да одговори дали ваквата брза наплата е пракса или станува збор за исклучок. Се сомневаме дека е исклучок, и дека Анѓушев се наплатил на најбрз можен начин, изјави Лефков на прес-конференција.

Scroll to Top