(Видео) Лефков: Уплатата на Филипче и Заев на фантом фирмата од Хонг Конг не е гаранција, туку чиста исплата со акредитив

пред 3 години

Венко Филипче извршил уплата на аванс од 7.800.000 американски долари на фантом фирмата од Хонг Конг – „Стабри Интернешенал“. Парите биле уплатени и се легнати на сметката на фантом фирмата, а овој документ е доказ за тоа, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„ Не држат тезите на ДКСК кои очигледно се ставаат во одбрана на Филипче дека не бил уплатен аванс, туку дадена гаранција. Банкарската гаранција, е потврда од банка, со која се докажува дека одреден субјект има платежна моќ за да пристапи кон одреден договор, а ова што го направиле Филипче и Заев е чисто плаќање преку акредитив, кое било реализирано на 15-ти февруари. Филипче уплатил аванс. Првичните документи кои излегоа покажаа дека вкупната сума за 200.000 вакцини се движела околу 12.500.000 долари, што е цена од 62.5 долари по една вакцина. И тоа кога земјите од регионот и од светот ја купуваат истата вакцина за 30 долари односно за двојно помалку од тоа“ рече Лефков.

Тој праша каде требала да заврши разликата. Според него, доволно е само да се погледнат цените на вакцините од регионот и лесно ќе се дојде до заклучокот дека Филипче требало да плати двојно повеќе.

„ Филипче должи одговори, и со што фантом фирмата од Хонг Конг го уверила дека е кредибилна фирма и може да ја изврши набавка, за на истата да и уплати 7.800.000 долари. Фирмата нема ниту интернет страница, ниту опис на интернет просторот со што се занимава, а Филипче на истата и префрлил 7.800.000 долари наши народни пари. Дали некој во владата размислувал за последиците кои можеле да се случат?

И додека сето ова се случувало, додека милиони долари наши народни пари се префрлале од сметка на сметка во Македонија починаа 5.000 луѓе. Илјадници од нив ќе беа спасени доколку Филипче наместо по провизии трчаше по вакцини“ порача Лефков.

Scroll to Top