(Видео) Милошоски: Европскиот пат ќе ни се отвори само со смена на Владата на Заев

пред 3 години

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска во изјава за медиумите зборуваше за блокадата на Македонија од страна на Бугарија и истакна дека со Зоран Заев на чело на државата нема европска перспектива.

Според него, само по смената на оваа Влада ќе има отворање на европскиот пат и на нови можности.

Милошоски посочи дека Зоран Заев е политичар на кој што не може да му се верува.

„Тој се колнеше и во сопствените деца дека нема да го смени Уставот и името, па потоа видовме што се случи. Денес се колне во идентитетот и јазикот и не е за верување затоа што сметаме дека неговиот план е да ги стави на трговија етногенезата на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. А тоа е погубно, затоа што народ и јазик без своја етногенеза не се свои на своето“, посочи претставникот на опозициската партија при денешната посета на Општина Могила.

Милошоски вели и дека Заев три години ја лажел македонската јавност дека сме добиле датум за почеток на преговорите.

„Во 2018-та година кога прв пат излажа дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и се сликаше во авион за таа вест, немаше вето од Бугарија, но денеска за жал имаме и блокада од Бугарија, но имаме и уште еден поголем проблем а тоа корупцијата во државата која е рангирана на 111 место на светската листа на корумпирани држави“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека само смена на Владата ќе значи отворање на нови можности за европска перспектива.

Scroll to Top