(Видео) Милошоски: Јавниот долг е зголемен колку два годишни буџети

пред 3 години

Јавниот долг е зголемен колку два годишни буџети, само во Велес има над 1.000 ново невработени, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој беше во посета на неколку стопански субјекти во оваа општина.

Тој оцени дека стопанството за жал е под голем притисок и се соочува со сериозни потешкотии.

„Во Македонија има нови 55.000 невработени и економијата е речиси пред колапс, во Велес 2020 година во јануари имало активни 4.000 невработени лица, за денес бројот на невработени се зголеми на 5.500 и ова зголемување е голем товар за градот, а и намалување на куповната моќ и на стандардот на велешани. Затоа сакаме со стопанствениците да ги предочиме овие проблеми и да предложиме одредени решенија кои што би можеле преку Собранието да им помогнат за подобра работа“, истакна Милошоски.

Во врска со јавниот долг во земјата, Милошоски истакна дека тој достигнува 6 и пол милијарди евра, а тоа се два Буџети.

„Видовме дека во минатата година се потрошија милијарда евра, но ефектот врз стопанството го нема, напротив имаме зголемена невработеност и имаме фирми кои што потешко живеат и работат. Затоа сметаме дека ваквиот начин на работа не е поднослив за државата, и е добар повод од економска гледна точка дополнително со ова нефункционално би рекол мнозинство во Собранието да имаме предвремени парламентарни избори“, посочи Милошоски.

Scroll to Top