(ВИДЕО) Митева: Уште 1.000 причини зошто Филипче треба да си даде оставка

пред 4 години

„Да Венко, 1.000 причини зошто, 1.000 причини затоа за ОСТАВКА! Додека бележиме двоцифрени бројки на починати лица ти се забавуваш на социјалните мрежи. Џим Кери видео на ден во кој бележиме 21 починато лице е одлика на министер? Желен за власт, желен за лајкови, заробен во својата суета сееш ароганција и омаловажуваш. Залудно бришеш, очајот е трајно запишан!

Рекордни близу 43% од тестираните се позитивни на КОВИД-19. До каде, до кога Венко ќе ги живееме твоите неуспеси? Покажи барем мала доза емпатија кон семејствата, имаш ли медицинска етика во себе, која пред сè претставува наука за моралните вредности“, прашува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се уште ја третирате кризата како цел за политички поени, ништо друго не ви е важно! Предложивме сет мерки за хронично болните, за здравствените и просветните работници, но нема слух за ова. Единствената причина е што овие предлог мерки доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се повеќе прашања, се помалку одговори! Да бидеме искрени, имавте замисла донираните тестови да ги наплаќате, но поради реакциите ја променивте одлуката. Впрочем, како и секоја друга. Наративот дека сите се виновни, само вие не, дека во сите држави ситуацијата е иста како и тука не ви поминува. По било која стапка на споредба сме најлоши. 19-то место во светот поради смртност, а убедливо први во регионот. Бележите порази, а столчето се уште ви е удобно.

Почитувани претставници од власта,

Јавното здравство го покажа своето значење во последнава епидемија. Системот е комплетно нефункционален. Сосема е нормално директорите да замолат за донации, имате набавено само 12 амбулантни возила за овие три години власт.

Нема крај на поразот и срамот кој го чувствуваме.

Залудно ќе се оправдуваш дека профилот е хакиран, било поставено по грешка и/или други слични алтернативи, повторувам се е залудно, очајот е трајно запишан!“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top