(Видео) Митева: Предложениот концепт за реформи во образованието треба веднаш да се повлече

пред 3 години

Додека релевантни институции и еминентни професори потенцираат за многубројни недостатоци, министерката Царовска чека писмени забелешки на имејл-адреса. Упорна во своите намери и без слух за проблемите што ќе настанат, се обидува да го игнорира мнозинството, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ставот е едногласен, ДА за реформи во основното образование, но НЕ за вакви квазиконцепции. Предложениот концепт треба веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање нов. Потребно е да се напушти концептот на интегрирање предмети, особено историја и географија. Недостигаат истражувачки период, стручни мислења и јавна дебата за учеството на стручната, но и на пошироката јавност.

Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? По неуспешни платформи, сега и неуспешни концепции?

Потенцираме, ВМРО-ДПМНЕ бара градење национален став на темата „Реформи во образованието“. Охрабрете се и формирајте работна група од сите релевантни фактори во образовниот систем вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии. Треба да се обезбедат голем број услови пред почнување на реформата. А дотогаш образованието е уште еден во низата ваши неуспешни обиди!“, порача Митева.

Scroll to Top