(Видео) Мицевски: Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Заев и да не го потпишува законот за Макпетрол

пред 3 години

„Штетниот и криминален Закон за Макпетрол во износ од 33 милиони евра со кој Зоран Заев му ги дава на олигархот кој е сопственик на Макпетрол со денешното шверцерско носење покажува колку е штетен.Целата процедура за негово носење од страна на владејачкото мнозинство, седници до утринските часови покажуваат дека единствено со овој закон Зоран Заев прави криминал“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија во Собранието.

Според него, за Зоран Заев е небитно што нема пари за поддршка на тутунарите, оризопроизводителите, за социјалните случаи, но важно е да му подари 33 милиони евра на Макпетрол.

„Важно е овие 33 милиони евра пари на граѓаните да се проневерат со закон, а не како што е процедурата со спогодба, се со цел Зоран Заев да се заштити и да не одговара за овој штетен договор.
Заев знае дека тоа што го направи е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги натера пратениците со закон да му го легализираат криминалот.ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот беше против овој закон и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обиде да спречи негово донесување, но оваа криминална власт си го донесе преку своето кревко мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Зоран Заев и да не го штити криминалот на оваа не народна власт и да не го потпишува законот за спорот помеѓу државата и Макпетрол.Тутунарите, невработените, семејствата кои настрадаа од корона кризата треба да знаат дека за нив нема грижа од државата затоа што Заев реши да даде пари на Макпетрол наместо да решава проблемиИ сосема на крај, исклучително лажна вест е информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала носењето на овој штетен закон“, рече тој.

Scroll to Top