ВИДЕО: Одземени актовки, документи, телефони од возило на обезбедувачите на Мијалков

пред 3 години

Откако повеќе од три часа беа на распит, полицијата направи и претрес во возилото марка „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедување на Сашо Мијалков. Полициски службеници од полициската станица Кисела Вода целосно го проверија возилото на обезбедувачите.

Од возилото се запленети телефони марка „Ајфон“, актовки со документи, торбици. Истите ги внесоа во станица. Непознато е на кому му припаѓаат овие предмети.

Лицата кои го обезбедуваа Мијалков се на распит откако нивниот шеф избега и по него е распишана потерница. Освен нив, во станицата се и неговата сопруга Александра Мијалкова, како и син му, Јордан Мијалков. Непознато е што се случува во станицата и дали полицајците извлекле информации за локацијата на Сашо Мијалков. Распитот засега му е завршен само на Влатко Мијалков, брат на избеганиот Сашо.

„А1он“ веќе објави дека првите информации за можно бегство на Сашо Мијалков ги добило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во саботата, по што побарало од МВР да направи проверка.

За Мијалков е распишана и меѓународна потерница, поради сомневање дека тој не се наоѓа во државава.

Scroll to Top