Одземени 50 метри кубни бесправно одземени огревни дрва во Беровско

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Берово во содејство со шумска полиција одзеле околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во дворот од куќа на улица „Маршал Тито“ во Берово, сопственост на лицето М.П., при што биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.

Како што информираат од МВР, денеска од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во село Двориште, на место викано „Буково“, во приколка пронашле бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во село Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва. Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

– По насоки од Основното јавно обвинителство Берово увид на местата извршиле екипи од ОВР Берово, а сите пронајдени дрва биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од министерството.

Scroll to Top