(ВИДЕО) Пронајдена голема количина оружје и муниција во кичевско, приведени две лица

пред 4 години

Две лица од кичевското село Србица кај кои е пронајдена поголема колична оружје се приведени вчера соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.Двајцата ќе бидат предадени на јавното обвинителство и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави – велат од МВР.

„Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за
недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за
сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица
од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје.

Имено врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна
постапка од Основен суд Кичево се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и
А. И.(52), син и татко, во с. Србица. При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски
пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со
куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција ,два митралеза
од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од
тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со
запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци,
маскирни елеци, двогледи и други предмети.

Мерките и активностите за расчистување на овој
случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни
кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство“ – стои во соопштението од МВР.

Scroll to Top