Дрога и голема количина халуциногени средства најдени при претрес во Скопје

пред 3 години

Приведен е 29-годишен велешанец, кој престојувал во Скопје, во чиј дом полицијата извршила претрес и пронашла дрога и поголема количина халуциногени средства.

„ Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М.С.(29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога“ се наведува во соопштението.

М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Scroll to Top