(Видео) Спасовски: Николов можеше да зема огромни пари во странство, нo реши да направи нешто за Штип

пред 3 години

Најважна карактеристка за Сашко Николов е тоа што одбра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во обраќање по повод локалните избори кои во Штип ќе се одржат на 13 декември.

„Тој одбра да биде овде во својот град ,да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака тоа е патриотизам“, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, а одговорноста на политичките партии се гледа и тука, дали ќе учествуваат или не.

„ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз“, смета потпретседателот на СДСМ.

Спасовски воедно ги повика штипјани на 13 декември, како што рече, да ја земат иднината во свои раце и масовно да излезат на гласање, на фер, демократски и безбедни избори на кои нема здравствен ризик.

Scroll to Top