Спасовски: Со Николов како градоначалник Штип ќе биде рамо до рамо со европските градови

пред 3 години

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, попладнево беше на средба со граѓаните на општина Штип, каде што пред пристуните рече декa Штип заслужува да има градоначалник со полн легитимитет и со мандат даден од граѓаните.

„Три години Штип чекори по исправниот пат, по патот на напредокот и развојот. Со Сашко Николов, Штип ќе го продолжи тој пат носејќи го рамо до рамо со европските градови. Со Николов како градоначалник ќе продолжат одговорната работа и реализацијата на проектите во интерес на граѓаните“, порача Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ ја поздрави и посветеноста на Николов во борбата против коронвирусот и ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да му дадат поддршка и да гласаат за број 2, за, како што рече, Штип да остане во сигурни раце.

„За поздравување е иницијативата на Сашко Николов за обезбедување бесплатни заштитни маски за сите граѓани додека трае ковид-кризата. Отворањето доброволен фонд за оваа намена ќе им помогне на штипјани уште поревносно да ги почитуваат заштитните мерки. На 13 декември гласајте за бројот 2, гласајте за Штип да остане во сигурни раце“, истакна Спасовски.

Scroll to Top