(ВИДЕО) Јанчева: Приказната наречена Вардариште заврши, ЈП Лајка ќе значи хуман третман врз бездомните кучиња, се грижиме

пред 4 години

„Градската администрација предводена од СДСМ и од градоначалникот Петре Шилегов го оствари своето ветувањето со пуштањето во употреба на новото прифатилиште за бездомните кучиња.

Приказната наречена Вардариште заврши.

Овој објект зад мене е седиштето на ЈП Лајка, којшто повеќе не е дел од ЈП Комунална хигиена, кадешто ќе работат стручни лица, коишто ќе се грижат за хуманиот третман врз бездомните кучиња“, изјави Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„Со ЈП Лајка го решаваме деценискиот проблем на граѓаните на градот Скопје со бездомните кучиња, со што конечно ќе ставиме крај на немилите настани и на глетки поврзани со нив, на кои сме сведоци.

Капацитетот на прифатилиштето, во којшто се исполнети сите прописи и стандарди што се пропишуваат во оваа област, е околу 100 кучиња. Секој од кафезите, односно целиот објект е со подно греење, со цел на животните да им обезбедиме хуман третман и благосостојба.

На овој начин ЈП „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучињата и за ред други работи коишто подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос кон овие животни.

Се грижиме и инвестираме во подобри животни стандарди. Продолжуваме понатаму уште подобро и уште повеќе“, вели Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

Scroll to Top