Заев: Велосипедско-пешачката патека во Свети Николе е доказ дека се грижиме за рекреацијата во локалните заедници

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски денеска извршија увид на новата пешачка и велосипедска патека во општината, која веќе е готова и подготвена за користење.

Патеката, води од Свети Николе до археолошкиот локалитет Била Зора во селото Кнежје и е долга околу 2.100 метри.

Како што истакна Заев, станува збор за модерна и урбана зона, која е хортикултурно уредена со зеленило и претставува прекрасно место каде граѓаните ќе можат да се релаксираат.

„Спортските активности имаат витална улога кај младата популација, од една страна, по однос на здравјето и правилниот развој, а од друга, ги учат младите на вредностите на заедничката работа, дисциплина, делењето на успесите и наградите за постигнатите резултати”, рече премиерот.

Градоначалникот Велковски посочи дека долж патеката се посадени 1.000 садници, поставени се 66 канделабри и повеќе места за одмор.

„Патеката веќе се користи што е потврда дека вакво место за релаксација беше потребно во нашиот град”, рече Велковски додавајќи дека нејзината вкупна вредност е околу 17 милиони денари, од кои пет и пол милиони кофинансирала Општината Свети Николе.

Scroll to Top