ВИДЕО: „Ќе ве дробам, ќе ве сечам парче по парче“ – таткото на детето од Кочани им се заканува на тепачите

пред 3 години

На социјалните мрежи денеска се појави снимка на која наводно е таткото на детето кое беше малтретирано и тепано во Кочани откако било фатено како краде.

Обраќајќи им се на луѓето кои го држеа неговиот син и го нападнаа, што предизвика инцидент и масовна тепачка во населбата Трајаново трло во Кочани, таткото во рацете држи нож и пиштол.

„Парче по парче ќе сечам од нив, ќе дробам, и вечно ќе одам на робија,“ им се заканува на напаѓачите човекот чиј десетгодишен син беше клоцан од неколкумина возрасни луѓе додека ги молеше да престанат, како што се гледа на снимката од инцидентот.

Случајот деновиве предизвика многу реакции во јавноста, а МВР соопшти дека се идентификувани деветмина од учесниците во инцидентот, и извршен е разговор со дваесетина лица. Против вмешаните ќе биде поднесена кривична пријава за насилство врз дете.

Scroll to Top