69 новопримени пациенти во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 998 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти. Во болницата во Штип е хоспитализиран 87 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица.

Scroll to Top