Состојба во ковид центрите: 72 нови пациенти во Скопје, на лекување се 1744 лица

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 692 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1744 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни. Не биле примени пациенти на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 6 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1052 пациенти

Во болницата во Битола се хоспитализирани 123 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 103 болни, а во Куманово 93 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 145 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 18 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 36, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица.

Scroll to Top