Владата за ангажираните 58 соработници: Нема тајни хонорарци, ако дозволи Законот ќе го објавиме списокот со нивните имиња

пред 3 години

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа потврди дека Владата потврди има ангажирано лица на хонорарна основа затоа што тоа биле лица кои извршувале специфичен ангажман кој не можеле да го реализираат постојните вработени. Рече дека нивните имиња не се тајни и дека доколку дозволи законот, тие ќе бидат објавени.

„Не се тајни или анонимни, туку само се привремено ангажирани за специфични задачи, кои не може да ги направат вработените. Точно се знае за што Владата ангажирала физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, со колкав финансиски надомест. Тоа се специфични ангажмани кои не може да се реализираат од редот на вработените и за нив не може да се отвори редовен работен однос и затоа се ангажирани привремено. Не ја исклучуваме можноста во консултација со надлежните институции како што се Агенцијата за заштита на лични податоци и преку постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер во соработка со нив, ако е дозволено, во името на транспарентноста, ќе ги објавиме сите тие лица кои веќе се ангажирани како хонорарци во Владата“, рече Хоџа.

Scroll to Top