Владата за комплексот спроти „Холидеј Ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

пред 3 години

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски, прашан за владиниот став во однос на изградбата на комплексот на паркингот спроти „Холидеј ин“, како и петицијата поднесена од граѓаните на Ново Маало кои се залагаат за изградба на објектот.

„Ќе се повикаме на Законот и се што е спротивно на тоа значи дека нема да има градба“, рече Арсовски.

Како што појасни, со урбанистичкиот план се пропишува што е планирано со опфатот на таа локација, какви типови на надградба, колку зеленило е предвидено и каква инфраструктура е потребна. Врз основа на сите тие информации инвеститорот приложува проект и ако ги исполнува сите тие услови добива одобрение за градење.

Со Законот за градење е предвидено инвеститорот да отпопчне со градење во рок од две години. Доколку не почне, може да му се одздеме одобрението или ако не гради според приложениот проект.

 

Scroll to Top