Владата по иницијатива од ДКСК разреши член на УО на Битолскиот студентски дом поради судир на интереси

пред 3 години

Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски, член на Управниот одбор – претставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола поради постоење на судир на интереси.

Одлуката, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, е донесена по доставената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која, како што велат, беше разгледана и е постапено од страна на Кабинетот на Николовски.

Scroll to Top