СДСМ поднесува иницијатива за измени на Закон за субвенциониран студентски оброк

пред 3 години

Социјалдемократската младина на Македонија поднела Иницијатива за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк, до Собранието на Република Македонија објави на прес конференција Никола Јакимовски, потпретседателот на СДММ.

„Со овие Законски измени, нема да се ограничува користењето на правото на субвенциониран оброк само кај угостителски објекти, туку ќе се овозможи корисниците на субвенционирниот оброк да можат да го остварат правото секаде, кај секој трговец. Со тоа ќе се даде поголем избор на продукти на студентите, но и ќе се зголеми искористеноста на средствата со што ќе се амортизираат и последиците од кризата со која се соочуваме“ – вели Јакимовски.

Scroll to Top