ВМРО-ДПМЕ: Заев го загрози здравјето на штипјани

пред 3 години

„Заев го загрози здравјето на штипјани вадејќи на гласање болни од корона само да ја сочува фотелјата

Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци.

Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани.

Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани.

Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top