ВМРО-ДПМНЕ: Вчера во Албанија пристигнаа околу 200 илјади дози, во БиХ 50 илјади, во Македонија нула дози вакцини против корона

пред 3 години

„Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека доби 192 илјади од кинеската вакцина „Синовак“. За Босна и Херцеговина има 50 илјади од вакцини од Кина. Во Македонија нула вакцини. Ова се вести од вчера“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Во меѓувреме, во Србија масовно се вакцинираат македонски граѓани од новинари, полицајци, за викденов одат и лекари кои се очигледно заборавени од Венко Филипче.

Во Македонија нема ништо од вакцинација, ама има по неколку десеттина починати, бројката на новоинфицирани е четирицифрена.

Премиерот Зоран Заев и ресорниот министер чекаат од небо да им паднат вакцини, за договори за набавка на вакцини ниту имаа, ниту имаат зафатени се со провозиите.

Заев и Филипче ја направија Македонија црна точка на регионалната, како и на мапата на Европа и светот.

За ова Филипче и Заев ќе одговараат!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top