ВМРО-ДПМНЕ: Мотото на Заев и Филипче провизии пред вакцини, доведе до 4.108 починати од корона

пред 3 години

„Стотина лица починаа за само два дена. Стотина семејства се завиени во црно.

Сето ова немаше да се случи доколку власта предводена од Заев и Филипче имаше барем малку, трошка разум.

Но, зошто разум кога станува збор за здравјето на граѓаните?!“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто Заев и Филипче би се грижеле за тоа, кога може да се грижат за тоа дали има доволно забава за нив, дали има доволно провизии од тендерите и набавките?

Ним поважни им се сите овие работи од здравјето на граѓаните.

Ним им е поважно дали има мотор или хеликоптер за да се провозат, од тоа дали има вакцини и дали населението ќе стекне имунитет.

Нивното мото е провизии пред вакцини!

Бројката на починати е 4.108, а Заев и Филипче се директно виновни за тоа. Заев и Филипче се директно виновни за хаосот во државава.

Затоа мора оставки! Затоа мора Филипче и Заев да заминат од функции!

Филипче и Заев ќе одговараат!“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top