ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја доведе Македонија во подредена положба со Бугарија

пред 3 години

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ „Македонија трпи закани, а Заев не е способен да го спроведува Уставот и да го заштити територијалниот интегритет и суверентитет на Македонија“, реагираат од оваа партија.

„Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во подредена и понижувачка состојба со Бугарија. Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територија на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата, и ја клекна на колена“, истакнуваат од опозициската партија.

Според нив, владеењето на Заев како што велат сериозно го поткопува принципот на суверенитет гарантиран со меѓународното право.

„Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на државата. Владата треба веднаш да ги извести сите меѓународните претставници во Македонија, ЕУ и НАТО за однесувањето на Радев, во спротивно Заев ќе биде директно виновен за поткопувањето на суверенитетот на државата и ќе сноси одговорност во иднина“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top