ВМРО-ДПМНЕ: Пет причини само од вечерва зошто Филипче до изутрина треба да даде оставка

пред 3 години

Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение порачаа дека има пет причини само од вечерва, поради кои министерот за здравство Венко Филипче треба да поднесе оставка:

„1. Денеска имаме 39 мртви од КОВИД 19. Секој ден бројот на умрени наши сограѓани расте;
2. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, ако не се чека со денови за тестирање и резултати;
3. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, доколку во болниците имаше поголем капацитет;
4. Нови 1,273 заболени за само еден ден;
5. Денеска 1,273 заразени и 39 мртви, Филипче и Заев не се откажуваат од корона избори во Штип и Пласница,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top