ВМРО-ДПМНЕ: Пратката вакцини е капка во морето, Заев и Филипче днево закпуваат по 40 лица

пред 3 години

Граѓаните на кои Филипче требаше да им обезбеди вакцини, заминаа во Србија да се вакцинираат. Пратката вакцини е капка во морето, Заев и Филипче днево закпуваат по 40 лица велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на пристуигнувањето на вакцините АстраЗенека преку Ковакс-механизмот.

„Секој ден има четирицифрени бројки на заразени. И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира.Сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е високо на листата на починати од корона на милион жители, е пораз на Филипче и Заев. Оттука тоа што за денес има пратка на вакцини не значи ништо. Никој ништо не очекува веќе од Заев и Филипче“ – стои во сопштението од Партијата.

Scroll to Top