САД испраќаат вакцини во Мексико и во Канада

пред 3 години

САД планираат да испратат четири милиони дози вакцина против коронавирус од „Астра зенека“ во Мексико и во Канада, објави Белата куќа.

Мексико ќе добие 2,5 милиони дози на „заем“, а Канада 1,5 милион дози, изјави претставничката за печат Џен Псаки, пренесува „Ројтерс“.

Таа посочи дека грижата за соседите да го сузбијат вирусот е важен чекор во запирање на пандемијата.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е под притисок да подели вакцини низ целиот свет, особено резервите на вакцината на „Астра зенека“, која сè уште не е одобрена за употреба во САД.

 

Scroll to Top