ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали дедо му бил во Занзибар и дали потоа отишол во карантин?

пред 3 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот за здравство Венко Филпче да одговори дали неговиот дедо д-р. Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на Ковид-19 и дали после тоа отишол во карантин?

„Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на Ковид-19, исто како што беше Цаца Билјановска? Додека народот се мачи со ковид, илјадници умреа, а фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави“, реагираат преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top