ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, со штелување на корона бројки и со бранење на Заев влегуваш во жива кал

пред 3 години

„Што прави Филипче? За девет месеци не успеа, ама баш ништо да направи за здравствениот систем. Не успеа да го прилагоди и организира за корона епидемијата, и од вчера тргна во очигледно штелување на корона бројки.

Што сака Филипче да постигне со полноќно објавување на статистиката? Што мисли Филипче дека фијаското кое му се случува во здравствениот систем ќе го тргне на страна со полноќни бројките?!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче комплетно го урниса здравствениот систем, ги заборави граѓаните, ги заборави медицинските лица. Луѓе умираат, а тој до вчера само ги броеше починатите, новозаболените, оздравените, а сега почна многу очигледно и да ги штелува бројките.

Филипче, ништо повеќе не може да ја сокрие твојата неспособност! Филипче, зарем мислиш дека можеш да се спасиш, да продолжиш да седиш во фотелјата и да се грижиш за твоите интереси и интересите на премиерот во заминување!

Време е за одговорност! Одговорност мора да има!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top