ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Филипче

пред 3 години

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче, на кого, како што велат, поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните.

„ Кина ги продава вакцините против корона по 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом фирма од Хонг Конг без вработени медицински лица требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините по дупло поскапа цена од реалната.

Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5-то место, но од позади.

Филипче е најодговорен за катастрофално справување со коронакризата поради:

1. Неследење на кластери
2. Нема лекови

3. Нема болнички кревети

4. Нема респиратори

5. Нема протокли за лечење и движење на пациенти

6. Ненавремени и несоодветни мерки,“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Тој дополни дека од рака е наметнат полицискиот час, а во преполните автобуси има корона кластери, што според него, покажува дека се нема концепт.

Scroll to Top