Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 622 ковид-пациенти

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 622 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 360 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје, пак, бројот на ваквите пациенти е 262, од кои 18 биле хоспитализирани во последното деноноќие.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 39 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 53 пациенти, во Прилеп – 47, во ковид-центарот во Гостивар – 7, а во Струга – 21 болен. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 27 пациенти, во Кочани – 4, во Кичево – 8, во Кавадарци – 40, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на вирусот“, стои во соопштението на Министерството, во кое се додава дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Scroll to Top