Затворени дел од ковид центрите, во болниците во земјава се лекуваат 586 пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало три приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет примени пациенти и три лица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има четири пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 5, Кавадарци 16, а во Гевгелија шест лица.

Scroll to Top