Во гостиварско тешко повреден градежен работник од Албанија

пред 4 години

Државјанин на Република Албанија при изведување градежни работи во село Равен, гостиварско се здобил со тешки телесни повреди. Во известувањето на МВР се вели дека вчера во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека, додека изведувал градежни работи во помошна просторија во гостиварски Равен, сопственост на Ш.А.(55) од ова село, С.Г.(36) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди.

– Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во редовниот Билтен на Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top