Во ковид центрите во државата се лекуваат 700 пациенти, слободни 560 кревети

пред 3 години

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 400 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

Според дневните извештаи кои пристигнуваат во Министерството за здравство, најмногу хоспитализирани пациенти, во изминатото деноноќие, има во Куманово, вкупно 61. Во ковид центарот во Прилеп има 47 пациенти, додека, пак, во Охрид 40 пациенти. По 34 пациенти има во болниците во Битола и Штип. Во Велес и Струмица се лекуваат по 31 болен, во Струга 27 а во Тетово и Кавадарци има по 21 пациент.

Во Кичево има хоспитализирано 16 пациенти, а во Гостивар два помалку, односно 14. Најмалку пациенти има во Кочани, вкупно девет, потоа Дебар осум и Гевгелија 6 лица.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Тие соопштуваат дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите, а во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, велат од МЗ и споделуваат дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Scroll to Top