636 пациенти и околу 400 слободни кревети во ковид-центрите низ земјата

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 636 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 375 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје пак бројот на ваквите пациенти е 261, од кои 35 биле хоспитализирани во последното деноноќие.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 42 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 50, во ковид-центарот во Гостивар 7, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 48, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, стои во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Scroll to Top