Во Скопје казни за 122 возачи, 37 за брзо возење

пред 3 години

Изречени се вкупно 122 сообраќајни мерки вчера на територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 37 казни, шест за возење без возачка дозвола, четири санкции за возачи на мотоцикли и пет за непочитување на првенство на минување.

Од МВР информираат дека се изречени и 15 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 25 санкции за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top