Казни за 192 возачи во Скопје, од нив 116 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 116, 15 санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top