242 возачи во Скопје казнети за сообраќајни прекршоци, 42 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 242 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 42, за возење без возачка дозвола 23, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од министерството за внатрешни работи.

Притоа биле изречени 18 санкции за користење мобилен телефон, 15 за некористење сигурносен појас, 14 за непрописно престројување, девет за минување на црвено светло и 59 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Scroll to Top