Град Скопје го прифати предлогот кањонот Матка да стане споменик на природата

пред 3 години

Советот на Град Скопје на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на заштитениот локалитет на Кањонот Матка за споменик на природата. Одлуката ќе биде испратено до Министерството за животна средина и за просторно планирање кое треба да спроведе постапка за прогласување на Матка за споменик на природата.

Дел од советниците аплериа процедурата во МЖСПП да биде забрзана.

– Секој ден е значаен, знаеме дека со заштитата на Кањонот Матка ќе се скратат, ќе се оневозможат апетитите на многумина кои знаеме дека последниве години и на дело ја покажуваат својата совест, конкретно за дивите градби. Иницијативата е супер, да бидеме солидарни и заеднички да се потрудиме што побрзо МЖСПП да ја донесе одлуката и да биде прогласен овој Кањон за нациоанален парк, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

Scroll to Top