Град Скопје со намален буџет за идната година поради пандемијата

пред 3 години

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година.Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, Буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетското планирање и извршување.

Планирањето на средствата преку дефинираните програми допринесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење.

Согласно со направените проценки и анализи, со предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.

Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатигодини, во износ од 477.000.000 денари. Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5%.

Scroll to Top