Груби – Бјорнстад разговараа за развојот на тетовската слободна економска зона

пред 4 години

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет одржа работна средба со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Арне Бјорнстад. Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет одржа работна средба со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Арне Бјорнстад. Груби, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодарил на Бјорнстад за добрата соработка што земјата ја има со Кралството Норвешка и за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од оваа пријателска земја во успешното спроведување на реформите и помошта во областа на бизнисот и економија. Груби го известил  Бјорнстад дека Владата на Република Северна Македонија има донесено афирмативна одлука за инвестицијата на норвешката фирма НОРМАК во слободната економска зона во Тетово. Првиот вицепремиер Груби исто така го информирал Бјорнстад дека сите формалности се веќе завршени од Владата и дека е потврдена инвестицијата на компанијата КИЕЛ во слободната економска зона во Тетово, каде се очекува да бидат извршени над 300 работни места. Бјорнстад и Груби разговараа и за актуелните политички настани во Република Северна Македонија, но и за настаните во регионот. Високиот претставник на норвешкото Министерство за надворешни работи истакнал дека Кралството Норвешка внимателно ги следи сите настани во земјата, изразувајќи честитки за успешниот процес на реформи во клучните области на земјата. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Scroll to Top