Груби – Томан: Северна Македонија и Чешка имаат потенцијал за економска соработка

пред 4 години

Првиот вицепремиер и министер за политички систем односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, со кого се согласија дека меѓу Република Северна Македонија и Чешка постојат услови за продлабочување на економската соработка.

Амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, му вети на првиот вицепремиер Груби дека ќе продолжи да придонесува за продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете држави.

Груби му рече на чешкиот амбасадор дека ја цени поддршката и помошта на Чешка за земјата, особено во соработката на двете земји во контролата на границата на Северна Македонија, пограничниот појас со Грција, но и за подадената рака кон евроатланскиот процес.

Двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, со цел истата и да се зајакне.

За време на средбата со чешкиот амбасадор, Груби рече дека патот на неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку ветингот на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Амбасадорот Томан и првиот вицепремиер Груби разговараа и за актулностите во Северна Македонија но и за добрососедските односи на земјата, како и за други настани со кои се соочува регионот.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top