Средба Спасовски-Томан

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија Мирослав Томан и новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски.

Од страна на двајцата соговорници на средбата уште еднаш биле потврдени пријателските односи, како и континуираната поддршка која Чешката Република и ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот, информираат од кабинетот на Спасовски.

Од таму додаваат дека министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање на нов чешки полициски контингент за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја.

Scroll to Top