Група мигранти од Бангладеш пронајдени во беровското село Мачево

пред 3 години

Во Полициската станица Берово вчера во 19:37 часот било пријавено дека во беровското село Мачево биле забележана група од десет мигранти од Бангладеш, кои потоа биле приведени од страна на полицајци од станицата.

Како што соопшти МВР, по извршеното документирање, мигрантите биле предадени во Полициската станица за граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.

Scroll to Top